ТОП 10: Oвие земји имаат најголеми залихи од злато
Во топ 10 држави со најмногу злато повеќето се од Европа.
САД, Германија, Италија и Франција се земјите кои поседуваат најголеми залихи на злато.
Држава со најголеми златни резерви е САД, која има на располагање 8.133 тони злато. САД многу се одвојува пред сите останати држави во светот кога се работи за залихите во злато, затоа што тие имаат резерва колку три држави заедно.
На второто место се наоѓа најбогатата европска држава, Германија, која има златна резерва од 3.374 тони. Таа има скоро еден тон повеќе од следната држава на листата, Италија, која поседува 2.452 тони злато. Остатокот од најбогатата петорка ја сочинуваат Франција со 2.436 тони и Русија, со 1.857 тони злато.
Русија ја надмина Кина која лани беше помеѓу топ петте држави во светот со најголеми ресурси, а тоа ѝ помогна на руската економија да закрепне по влошувањето на односите со САД и да направи залихи во други валути, а не во долари. Русите обично купуваат злато од домашни извори, затоа што имаат многу места каде златото може да биде ископано.Топ 10 се надополнува со Швајцарија, Јапонија, Холандија и Индија.
Комплетната листа изгледа вака:
- САД – 8.133 тони злато
- Германија – 3.374 тони
- Италија – 2.452 тони
- Франција – 2.436 тони
- Русија – 1.857 тони
- Кина – 1.054 тони
- Швајцарија – 1.040 тони
- Јапонија – 765 тони
- Холандија – 612 тони
- Индија – 557 тони
