Топ-10 најголеми добивки во Гевгелија: Повеќе нема казина, но има фирми на поранешни политичари
Конти Ходропласт, производителот на градежни материјали, одноосно на цевки, останува и натаму број еден компанија по остварена добивка во Гевгелија и за 2025 година. Во Топ-10 рангирањето повеќе нема казина и коцкарници од Гевгелија.
Станува збор за извозно ориентирана компанија која во изминатите години беше воо инвестицискиот циклус поддржан од Владата со државна помош.. Компанијата на Боорис Маџунков има добивка од 7,86 милиони евра за минатата година.
На второ место е специјалистот за правење ајвар и храна во тегло - Дием-ГП, кој има и свои продавници. Компанијата е во сопственост на поранешниот пратеник Ѓорѓи Атанасов и има добивка од 2,7 милиони евра.
Трет е Интер-Констракшн, производителот на шахти и други инфраструктурни производи за водовод и канализација, на Жаклина Таневска со заработени 1,45 милиони евра. Еуроинг, компанијата за изградба на станови, но и на други објекти, е на 4.место, а на петто е локалниот малопродажен синџир Ветеринар.
БС Билдинг и БС Билдинг Лимитед, релативно нови градежни компании на Стефан Русев и Бранислав Палазов, како и на Горан Димов, следуваат на 6. и 7.место. Уште една За прв пат во Топ-10 влегува уште една прилично нова градежна фирма за изградба на станови - Даунтаун-Инвестмент, регистрирана во 2020. Сопственик е Аллександар Атанасов, поранешен директор на Водовод и канализација Скопје, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија и братучед на Боркица Груевска, поранешната сопруга на екс-премиерот Никола Груевски.
На последните две позиции се транспотната компанија Лемекс Транспорт и Техноалат Комерц за преработка на овошје и зеленчук на Томе Ќичуков, поранешен советник во Советот на Општина Гевгелија. А.К.

