Топ-10 најголеми добивки од тргување со струја во Македонија за 2025: Само две домашни на листата, грчка и унгарска компанија на врвот
Грчката компанија Протергиа Енерџи ја има најголемата добивка во 2025 како трговец со електрична енергија на слободниот пазар во Македонија за 2025. Од десетте најголеми добивки од овој сектор, само две им припаѓаат на домашни компании, а при тоа едната е во државна а другата во приватна сопственост.
Сепак треба да се каже дека остварената добивка е само дел од тргувањето со електрична енергија како официјална дејност на Протергиа Енерџи, бидејќи компанијата на грчки Митилинеос е повеќе позната по тоа што лани доставуваше јаглен за потребите на термоелектраната на ЕСм во Битола.
На второто место е МВМ Партнер во сопственост на МВМ ОНЕнерги, инаку дел од државниот унгарски холдинг за електрична енергија МВМ Гроуп. На третотото место е фирмата-ќерка на ЕВН која ги снабдува со електрична енергија компаниите на отворениот пазар.
На 4 место е Соле 24 во албанска сопственост која често му продава електрична енергија и на ЕСМ кога има недостатоци, а исто така и на МЕПСО за покривање на загубите во мрежата. Во горниот дел од рангирањето Топ-10 е уште и ЕСМ Продажба, фирмата-ќерка на ЕСМ која продава вишоци на произведена струја.
Инфинитиве Пауер во крајна грчка сопственост е на 6.место, а потоа следува Футуре Енерџи Трајдинг од Косово и ЕТМТ Енерџи од Албанија која исто така понекогаш му продава струја на ЕСМ.
Последните две компании од Топ-10 рангирањето се бугарските РЕС, како и Енерџи Фајненсинг Тим во крајна сопственост на српскиот бизнисмен Вук Хамовиќ. А.К.

