Топ-10 најголеми добивки на компаниите од Тетово за 2025: „Леар“ конечно на врвот, синџир на парфимерии меѓу најдобрите
Странската инвестиција Леар Корпорација по подолго време работење со загуби, оствари висока добивка од 5,2 милиони евра. И не само тоа, туку со оваа заработка, производителот на седишта и инсталации за автомобилите на Форд, БМВ и Џенерал Моторс од индустриската развојна зона во Тетово, се искачи директно на врвот за 2025 во оваа општина.
На второто место е Палма Трејд, компанијата која стои зад шопинг центарот во Тетово, а во првите три е и Пофикс, производителот на малтер кој стандардно секоја година е во горниот дел од рангирањето.
Веќе станува вообичаено во секоја општина помеѓу фирмите со најголеми добивки да има и еден оператор на игри на среќа, а во Тетово тоа е Банана Кик. На 5.место е и Изо Стоне, продавачот на премиум станови, кој пред две години стана познат во јавноста и по тоа што купи акции во „Македонијатурист“.
Санмарти на Владо Мартиноски за продажба и опремување на бањи и тоалети, но претежно во Скопје, е шестти, а потоа следува акционерското друштво Тетекс, кое од неодамна започна со изградба на станови на парцелите кои ги поседува.
За прв пат во Топ-10 се најде и „Шатци“, фирмата сопственик на синџир парфимерии низ земјата. Компанијата на Дејан и Дарко Спасовски е формирана од 1992, но се етаблираше во текот на изминатите години.
На последните две места се уште градежната компанија АК Инвест за изградба на станови и Арбериа-Десигн, позната компанија по тоа што ги печати учебниците. А.К.

