Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ-10 компании со најголеми добивки во Велес за 2025: Половина економија се врти околу месото

Топ-10 компании со најголеми добивки во Велес за 2025: Половина економија се врти околу месото

Маркарт од Велес во 2025 ја оствари една од своите најголеми добивки откако произведува електронски и мехатронски компоненти за Мерцедес, БМВ, Ауди и други автомобилски гиганти во Долно Караслари.

Со заработка од 4,5 милиони евра, странскиот инвеститор повторно е на врвот по најголеми остварени добивки помеѓу компаниите од Велес за минатата година.

Овој пат на второто место е Уни Агро, кланицата и производител на сточна храна од Велес, во сопственост на Дарко и Ненад Стојанов. Уште две компании со слична дејност во сопственост на Перо Колевски се во Топ-10 листата - Овчеполка и Агриа. „Големата велешка четворка“ на сродни компании ја затвора Малина на Румен Смилевски. Меѓутоа, минатата година имало место за уште едно друштво поврзано со месо и месни производи, а тоа е трговецот на овие продукти - „Чочков Траде“ на Кирил и Јорданка Чочкови.

Во најдоброрангираните десет  е печатницата „Прва Книга“ на семејството Андовски, а барем едно место по традиција во поголемите градови треба да има и за градежните компании. Овој пат тоа е „ЦРАС Дооел“ на Љупчо Неделков.

На 5.место е Хемомак Пестициди, најверојатно најголемиот трговец во Македонија со заштитни средства за земјоделските посеви. На 6-та позиција е Брако, компанијата на Кочо Анѓушев за производство на познатите метларки што работат на водород. А.К.


Слично

Поврзани вести