Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ-10 компании со најголеми добивки во Кавадарци за 2025: Две компании на еден сопственик и две винарии меѓу најдобрите

Топ-10 компании со најголеми добивки во Кавадарци за 2025: Две компании на еден сопственик и две винарии меѓу најдобрите

ИГМ-Трејд, компанијата на Илија Гечев за челични профили и наемодавач на големата регионална индустриска зона, е убедливо број еден по остварена добивка во Кавадарци за 2025 со заработени над 25 милиони евра.

На второто место во Кавадарци по остварена добивка за минатата година е Винарска визба „Тиквеш“, каде што доминантен акционер е Светозар Јаневски со М-6. АД „Тиквеш“ во 2025 има заработка од речиси 6 милиони евра.

Во Топ-10 друштвата со најголеми остварени добивки во Кавадарци за 2025 се две компании на бизнисменот Лазар Пончев. Едната е Машинокоп Ресурсис, а другата Машинокоп Групација. Двете компании се поврзани со градежништво, експлоатација на минерални суровини и минирање на траси и рудници.

ДММ Дракслмајер е добропознатиот германски инвеститор за производство на кабелски сетови и електронски системи за автомобилските брендови како БМВ, Ауди, Мерцедес и Порше. Во првите пет е и КА-Оил на Бојан Каров, помалку позната компанија, за која единствено пред пет години се пишуваше дека на ова друшво му била одземена лиценцата за непрописно тргување на големо со мазут.

Следува дијализниот центар Нефроплус Кавадарци на Орка Холдинг, а потоа и Стил-М АБЦ на Орданчо Митровски за производство на цевки, компанија која инаку на крајот на 2024 отвори нова фабрика во Градско.и за тоа доби државна помош како инвеститор.

На последното место е Бошава за метални конструкции на Миле Јанчев.  А.К.


Слично

Поврзани вести