Топ-10 компании со најголема остварена добивка во Илинден за 2025: Милиони евра од горива и летови
Две компании од скопските техноолошко-индустриските развојни зони се вврвот на новата листа на Тооп-10 најуспешни друштва по остварена добивка со седиште во Општина Илинден за годината 2025. Ако за Џонсон Мети тоа не е изненадување, ВДЛ Бус Македоонија (Ван Хол) пријатно изненади со високата добивка, со оглед на наметнатите повисоки царини од страна на САД и намалениот број на работници.
На третото местоо е трговскиот ланец КАМ, чиј логистички центар се наоѓа во оваа општина, понатаму следува ОКТА, најголемиот увозник на горива во земјата, а во првите пет е и ТАВ Македонија, концесионерот на скопскиот аеродром.
Предводник на втората половина од Топ-10 рангирањето е познатата дистрибутерска и транспортна компанија Дени Интернационал, пред Кратер, градежно-инсталатерската компанија која има сопствено производство на метални делови и HVAC компоненти.
Добропознатото акционерско друштво за сувомеснати производи Пекабеско е на 8.позиција, а зад оваа компанија е Оилко, добропознатиот дистрибутер на горива низ целата земја.
На последното место е „Македонски навигации“, акционерското друштво во државна сопственост за контрола на летови. А.К.

