Топ-10 компании од Куманово со најголеми добивки во Куманово: Индустријата станува број еден во градот под Козјак
„Гоматик“, компанијата за производсто на машини за сечење на дрво за мебел, е компанијата од Куманово со најголема остварена добивка во овој град за 2025. Сопственици се Зоран Петровски и Горан Цветановски
На второто место, според податоците кои ги обезбеди „Фактор“, е уште еден индустриски капацитет - Термалифт ДД, на Драган, Фросина и Филип Дамјановски, за производство и продажба на дигалки и вилушкари.
Во Топ-10-те фирми со најголема добивка во Куманово за минатата година, три се во сопственост на Тони и Дејан Каранфиловски - „Детоил“, за трговија со горива, како и „Рапид Билд“ и „Квалитет-Пром“ од секторот градежништво.
Помеѓу десетте предводници, на четвртата позиција е „Бучен Козјак“ за производство на млечни производи. Во сопственост е на Слободан Стојковски и Снежана Станојковиќ. Меѓу најдобрите е и Екстра Меин, компанијата за месни преработки и сувомеснати производи на Благоја Бајдевски.
Во најдобрата десетка има место и за кланицата „Црн Бик“, „Босут“ за производство на заштитна (ХТЗ) опрема и „Твинс Интернационал“, компанијата за продажба на горива на мало на Марјан Давидовиќ. А.К.

