Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ-10 компании од Битола со најголеми добивки за 2025: Стерјева го врати „Пелистер“ меѓу најуспешните

Топ-10 компании од Битола со најголеми добивки за 2025:  Стерјева го врати „Пелистер“ меѓу најуспешните

ЕРИ Корпорејшн (ERI Corporation) е компанијата која за 2025 оствари најголема добивка меѓу сите останати од Битола. Компанијата во целосна сопственост на групацијата Волутион Вентилатион од Обединетото Кралство., основана во 2015 година, произведува вентилациски системи за станбени, деловни и индустриски објекти. ЕРИ е меѓу поголемите производствени компании во Македонија, со околу 240–250 вработени во последните години и значителен извоз кон ЕУ.

На второто место е добропознатиот Цермат, кој произведува сладолед, млеко во прав и замрзнат зеленчук. Градежната компанија Стентон градба , која работи на неколку јавни проекти во земјата, е на третото место по остварена заработка за минатата година.

АД Млекара Битола е на четвртатата позиција во Битола, а наедно друштвото е број еден млекарница во земјата по остварени приходи и добивка. Потоа следува Игнација ФМ на Фатмир Мерсими која што работи на останати завршни градежни работи на разни проекти, како местење на инсталации за греење и вентилација.

Земјоделскиот комбнинат Пелагонија е лидер на втората половина од табелата. Освен што е житница, произведува и сточна храна и електрична енергија од биогасна централа, а го поседува и Здравје Радово. Најголем акционер е Софија Градба.

Битола е позната и по голем број успешни компании од ИТ секторот, а таква е Интерворкс на семејството Мемца. Градежната компанија Пелистер се враќа на старите патеки откако го презеде под управување сопственичката на Еурофарм, Татјана Стерјева.

Последните две компании од Топ-10 рангирањето се Синпекс за продажба на трактори на семејството Петровиќ и печатницата Киро Дандаро која сега е под контрола од хрватските сопственици САТО. А.К.


Слично

Поврзани вести