Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП 10: Девојките ги одбраа најдобрите брендови

ТОП 10: Девојките ги одбраа најдобрите брендови
Екипата на Goldman Sachs и модните експерти од Teen Vogue ги здружија силите за создавање на т.н.. "Teen Vogue - Goldman Sachs Love List" - листа на 50-те марки кои девојките ги сакаат. Истражувањето е направено меѓу млади девојки кои добро ги знаат марките, поседуваат нивни стоки, зборуваат повеќе за нив и имаат јасно мислење за тоа кои брендови се добри, а кои не. 75% од брендовите кои се вклучени во листата за 2013 година, забележуваат значителен напредок во некои показатели во 2014 година. Станува збор за познавањето на национално ниво и поголема привлечност. За да ги избере 50-те врвни марки, екипата на Goldman Sachs распраша 1200 читателки на Teen Vogue за вкупно 350 брендови. Истражувањето се потпира на трите критериуми, од кои секој е со максимален резултат од 100 поени. Две од мерките се стандардни - познавање и привлечност. Првата покажува дали корисниците го познаваат брендот, а втората - дали им се допаѓа. Третиот индикатор го носи името "од уста на уста" и мери колку од испитаниците разговарале за одредена марка со други луѓе, во споредба со останатите брендови. Оваа мерка е особено важна денес кога девојките користат се повеќе социјални мрежи како Instagram и Pinterest за да ги коментираат модните преференции. Ова е листата на топ 10: 10. Nike Познавање: 91,9% Привлечност: 79,1% Од уста – на уста: 70,7% Вкупно: 80,2% 9. Urban Outfitters Познавање: 89,4% Привлечност: 81% Од уста – на уста: 71% Вкупно: 80,5% 8. H & M Познавање: 92,7% Привлечност: 81,7% Од уста – на уста: 71,9% Вкупно: 82,1% 7. Sephora Познавање: 91% Привлечност: 82,8% Од уста – на уста: 72,9% Вкупно: 82,3% 6. Converse Познавање: 90,5% Привлечност: 80,2% Од уста – на уста: 77,6% Вкупно: 82,8% 5. Target Познавање: 95,7% Привлечност: 78,1% Од уста – на уста: 74,6% Вкупно: 82,8% 4. eos Познавање: 89,4% Привлечност: 81,1% Од уста – на уста: 79,1% Вкупно: 83,2% 3. Victoria's Secret Познавање: 94,7% Привлечност: 82,2% Од уста – на уста: 78,7% Вкупно: 85,2% 2. Victoria's Secret - PINK Познавање: 93,7% Привлечност: 84,2% Од уста – на уста: 80,5% Вкупно: 86,2% 1. Forever 21 Познавање: 96,6% Привлечност: 83,1% Од уста – на уста: 85,7% Вкупно: 88,5% K.K.
Слично

Поврзани вести