Тони Блер ја поттурна Македонија кон ЕУ, може ли повторно?
Тони Блер, екс британски премиер, кој за Македонија е значаен оти во негово време земјава доби кандидатски статус за ЕУ. Иако оттогаш наваму (2005 година) Македонија не успеа да направи нов исчекор кон Унијата, Блер смета дека тоа е можно.
Оптимизам дека Македонија набрзо ќе стане дел од Европската унија и НАТО, а со тоа и дел од силна Европа која како таква, заедно со силни САД на Западот и и силна Кина на Истокот, ќе биде дел од глобалниот баланс потребен за мир и просперит на свестко ниво. Ова е сублимат на обраќањето на поранешниот британски премиер, Тони Блер, кој денеска во рамките на Сахара балкананскиот мировен фестивал, говореше за предизвиците со кои се соочува светскиот мир, но и сите негови региони, вклучително и Балканот.
Блер во својот 40 минутен говор, освен тоа кои се карактеристиките на светот денеска, каде тој се движи и штио треба да се направи за да се зачува светскиот мир, се осврна и на она што се случуваше на Македонија изминатава деценија - од земја со конфликт, до земја кандидат за членство во Европската унија.
„Македонија е важна земја во која навистина слободно се истакнува тоа чувство, бидејќи овде во Западниот Балкан во текот на минатите години имаше толку многу конфликти и потешкотии и понекогаш луѓето стануваат цинични и песимистични во однос на тоа дали е можен прогрес и напредок. Но размислите за минатото и видете колку е подобра сегашноста од тоа што било порано и потоа размислете колку подобра може да биде иднината. Оваа прослава на мирот не е само прослава на емоции, тоа е всушност прослава на моќта на човечноста да го користи разумот за да ги надмине проблемите и да продолжи понатаму кон поголем прогрес“, нагласи Блер.
„И покрај сите проблеми Македонија успеа да стане една извонредна земја“, рече Блер. Притоа тој посочи дека денес на сите им е познат проблемот кој го има Македонија поради кој се уште не може да стане членка на ЕУ и НАТО, изразувајќи надеж дека тоа наскоро ќе се реши.
Блер беше премиер на Велика Британија која во 2005-та Претседаваше со Европската Унија, во време кога Македонија го доби кандидатскиот статус.
Слично
