Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОНEМЕ ВО ДОЛГОВИ: Maкедонија за 3 години треба да врати 1,1 милијарди евра

ТОНEМЕ ВО ДОЛГОВИ: Maкедонија за 3 години треба да врати 1,1 милијарди евра

Македонија во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори.

Ова го  покажува најновата Фискална стратегија до 2018 година што е доставена на разгледување во Собранието, а пренесе Капитал.

За да го врати долгот, државата планира да позајми над 1 милијарда евра од домашните банки, пензиските фондови и осигурителните компании, и околу 950 милиони евра од странските кредитори со издавање на еврообврзници.

Со ова задолжување јавниот долг до 2018 година да достигне 52,4% од бруто домашниот производ (БДП).

Со тоа власта ќе ја прегази црвената линија на јавен долг од 50% од БДП што ја исцрта Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај за Македонија.

Слично

Поврзани вести