„Toне“ вредноста на доларот
Вредноста на доларот се намали на најниско ниво од почетокот на јули.
Цената на еврото се зголеми од вчерашните 1,1775 на 1,1850 долари, блиску до највисокото ниво за четири години.
Американската валута ослабе и во однос на јапонската, па курсот на доларот се намали на 146,50 јени, а вчера во ова време беше 147,05 јени.
Цените на нафтата, од друга страна, изгубија дел од вчерашните добивки. На лондонскиот пазар, цената на барелот се намали утрово за 0,19 проценти, на 68,35 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,17 проценти, на 64,40 долари.
Акциите во Јапонија, Јужна Кореја и Австралија паднаа помеѓу 0,1 и 0,7 проценти, додека акциите во Индија, Шангај и Хонг Конг се зголемија помеѓу 0,3 и 1,4 проценти.
foto freepik.com/jcomp
