Тоне новинарството во Македонија
Според последниот извештај на меѓународната организација Репортери без граници и индексот на слободата на медиумите Македонија е на 116 место, што е пад за 22 места од претходната година и неверојатен пад на слободите во однос на 2009 година, дури за 82 места, кога Македонија беше рангирана на 34 место.
Закани со судски тужби често засновани на несоодветни закони, недостапност до информации од јавен карактер, физичко и психичко насилство врз оние кои работат со вести и информации, нетранспарентно рекламирање, сива економија која ги опфаќа клучните делови на медиумите се причина за лошото рангирање на Македонија. Сето ова го попречува правото да се известува, но и за правото на луѓето да добијат информации. По опасните примери на Унгарија и Италија, македонскиот парламент се подготвува да ја “легализира цензурата“ континуирано играјќи топло-ладно со оваа професија.
Во регионот Хрватска е на 64 место, а Србија на 63-то. И двете земји бележат подобрување. Реформите во законите донесоа напредок, но не треба да се заборави дека има уште многу пречки за да се надминат старите навики кои му штетат на независното новинарство. Албанија е на 102 место, Црна Гора на 113.
Слично
