Томислав Кежаровски пуштен дома
Новинарот Томислав Кежаровски вечерва си замина дома од Истражниот затвор Шутка. Куќен притвор за Кежаровски одреди денеска Основниот суд. Ваквата одлука е дадена на барање на одбраната, а како алтернативна мерка која ќе важи до правосилноста на пресудата со која новинарот е одуден на 4,5 години затвор.
Претходно одбраната достави барање до кривичниот совет за одредување на алтернативната мерка поради катастрофалните услови во затворот и лошата психофизичката состојба на Кежаровски.
На ослободување на Кежаровски од притвор, но и на преиспитување на пресудата повикаа повеќе домашни и странски невладини организации, како и ОБСЕ.
Како што ијави пред Истражниот суд сопругата на Марина Кежаровска, таа е шокирана и среќна по одлуката на судот, која за неа не била очекувана. Таа им се заблагодари на новинарите и колегите на Кежаровски што го поддржуваат во битката за докажување на правдата.
Случајот на новинарот беше дел од годинешниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија. Денеска пратениците во Собранието на оваа тема изразија сомнеж за начинот работата на судовите и правдата која сметаат дека се применува селективно.
Кежаровски е осуден за напишан текст пред 5 години, во кој според судот издал иднтитет на заштитен сведок.
Слично
