Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОМЕ НЕНОВСКИ: 2015-година на политичка криза и намалена стапка на невработеност!

ТОМЕ НЕНОВСКИ: 2015-година на политичка криза и намалена стапка на невработеност!

Фактор ги праша познатите: „Кој настан и која личност ја обележаа 2015 година“.

Универзитетскиот професор Toме Неновски издвои два настани и повеќе личности. tome-nenovskiСпоред мене годинава ја обелжаа два настани и повеќе личности. Настаните кои би ги издвоил се во економијата и политиката. Во политиката нормално е политичката криза која што беше предизвикана од познатите причини уште во пролеттните месеци и начинот на нејзино постепено разрешување согласно реализација на добро познатиот договор. Во економскиот дел сепак би го издвоил задржувањето на континуитетот во растежот на економијата кој што јас велам едноставно има некоја латентна сила во себе скриена за да се спротивставува на разните шоковни дејствувања а што се манифестираше во последователниот пораст на бруто домашниот производ  во трите квартали 3,2 ..3,5 .. и 3,5 и што најверојатно ќе се случи до крајот на оваа година . Поврзано со тоа е и намалувањето на стапката на невработеноста .
Слично

Поврзани вести