Економија, финансии, бизнис

Контакт

Томе Аџиев останува претседател на лустраторите

Томе Аџиев останува претседател на лустраторите
Томе Аџиев ќе добие уште еден мандат на чело на Комисијата за лустрација. Со осум гласа за, три против и еден воздржан, пратениците од Комисијата за избори и именувања го изгласаа новиот состав. Покрај Аџиев, во новиот состан на Комисијата за верификација на фактите ќе седат и Асан Лума, како заменик на Аџиев, како и членовите Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорги Малковски, Венцо Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколовска Младеновска и Марија Милошевска. Само тројца се нови членови на Комисијата, а останатите и до сега беа лустратори. Доцна синоќа, Јанаќе Витановски, поранешен член на комисијата, ја повлекол својата кандидатура, а меѓу повторно предложените го нема ниту Чедомир Дамјановски, кој најгласно се спротивставуваше на одлуките на Аџиев. Новиот состав на Комисијата уште утре ќе се најде на пленарна седница во Собранието, каде треба да добие конечна потврда од пратениците. Стариот состав, пак, денеска ја одржа последната седница и даде отчет за сработеното. Комисијата за верификација на фактите за пет години открила прогласила 124 лица за наредбодавачи или соработници со поранешните тајни служби, од кои 106 се поранешни извршители на јавни функции, 11 биле актуелни и седуммина биле кандидати за извршување јавни функции, 81 лице биле живи, а 33 починати. Аџиев, изјави дека е задоволен од сработеното. “Комисијата се соочуваше со доста проблеми во своето работење. Одредена група луѓе во државата сака да се спроведе процесот на лустрација, додека одредена група се противи на процесот”- посочи Аџиев. Според него, лустраторите до сега провериле досиеја на 29.147 лица, а во следните пет години треба да бидат проверени уште околу 20.000.
Слично

Поврзани вести