Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тојота ја затвара својата најголема фабрика во Кина

Тојота ја затвара својата најголема фабрика во Кина
Тојота идната седмица планира да го запре производството во својата најголема фабрика во Кина поради силниот пад во побарувачката на јапонски автомобили, а како резултат на територијалниот спор меѓу Токио и Пекинг. Тојота, најголемиот производител на автомобили во првата половина на 2012-та, соопшти дека ќе го прекине производството од понеделник во фабриката во североисточниот дел на Кина, која е една од деветте на Тојота во земјата и задоволува околу 60% од кинескиот пазар, соопшуваат медиумите. Портпаролот на Тојота во Токио одби да ги коментира информациите, велејќи дека приспособувањето на производството било дел од нормалната практика на компанијата и немало да открива повеќе детали околу тоа. Тојота, но и јапонските Хонда и Нисан, го намалија своето производство во Кина, најголемиот пазар на автомобили во светот, бидејќи продажбата драстично се намали поради дипломатскиот спор околу островите во Источнокинеското Море, кои се контролирани од Јапонија.
Слично

Поврзани вести