Тој е најпосетуван град на светот - негова цел е да ги задржи младите Кинези
Најпосетуваниот град во светот во 2015 година регистрирал над 26 милиони туристи.
Хонг Конг е најпосетуван град во светот, покажува анализата на бројот на меѓународните туристи, пренесува „Daily Telegraph“.
Според извештајот на „Euromonitor“, Хонг Конг се соочува со повеќе тешкотии да ја „задржи атрактивноста, особено меѓу младите кинески туристи“. Но, неодамнешните податоци на туристичката агенција во градот покажуваат дека тој е посетуван од повеќе Британци и тоа 45.000 во 2016-та година, или зголемување за 6%.
Топ 10 најпосетувани градови во светот:
1. Хонг Конг – 26.7 милиони странски туристи
2. Бангкок, Тајланд – 18.7 милиони странски туристи
3. Лондон, Велика Британија – 18,6 милиони странски туристи
4. Сингапур – 16,9 милиони странски туристи
5. Париз, Франција – 15 милиони странски туристи
6. Макао – 14,3 милиони странски туристи
7. Дубаи, ОАЕ – 14,3 милиони странски туристи
8. Истанбул, Турција – 12.4 милиони странски туристи
9. Њујорк, САД – 12,3 милиони странски туристи
10. Куала Лумпур, Малезија – 12.2 милиони странски туристи
