Тодоров тврди дека чувствува одговорност, ама оставка не дава!
Одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров денеска побараа неколку политички партии, организации, граѓани.
Сепак, и покрај тоа што самиот министер тврди дека чуствува морална одговорност за денешниот инцидент на скопската клиника во кој беше повреден лекари-хирург од страна лице лија мајка починала на клиниката, Тодоров вели оставка нема да поднесе.
Тодоров вели дека чуствува морална одговороност и е нормално дека да го тангира она што се случува во здравството, но не знае дали некој во светот може да спречи некој кој е со ваков морален код да го направи тоа што го направи
Министерот укажа дека повредениот доктор се наоѓа вон животна опасност и очекуваат надлежните институции да ги преземат потребните мерки за расчистување на случајот.
„Никој не смее да посегне по животот на лекарот на ваков начин, а посебно не кон оној од кој зависи животот на пациентите“, вели Тодоров.
Според директорот на клиниката за абдоменална хирургија Александар Караѓозов жената починала од гнојник во жолчникот и низа болести, и нејзината смрт не е лекарска грешка.ж
Целиот настан се случил утринава околу 9 часот, кога син на почината жена пукал во пределот на нозете на хирургот.
Веднаш по инцидентот се приведени три лица на возраст од 30, 34 и 36 години сите од Скопје.
Од Здравството го осудија овој инцидент и побараа брза интервенција и расчистување на случајот, а голем број на доктори најавија дека ќе излезат на протест бидејќи не се чуствувале доволно заштитени и безбедни.
