Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров се договори за плаќањето по учинок и платите

Тодоров се договори за плаќањето по учинок и платите
Колективен договор потпишаа министерот за здравство и Самостојниот синдикат во кој стои анекс каде реформата плаќање по учинок во здравството е наведено да се спроведува при формирање на висината на платите. Специјалистите ќе добијат зголемување на платите од 19,2 проценти во период од 15 месеци. Со овој договор кој беше потпишан доцна синоќа е постигнато  надминување на состојбите по неодамнешниот штрајк на лекарите. Според Министерството за здравство, проектот ќе се модифицира со квартална пресметка што значи дека учинокот ќе се пресметува на секои три месеци и специјалистот ќе зема плата по учинок како просек од трите последни месеци со што ќе се отвори поголема можност за корекција. Утврдена е и обврска директорот да му укаже на здравствениот работник кој имал помала работна успешност и да му овозможи да оствари 100 проценти плата, воведен е и администратор кој ќе го врши целокупниот внес на интервенции за да не се оптоварува здравствениот работник со административни работи. Специјалистите добиваат зголемување на платите во висина од 19,2 проценти во период од 15 месеци. Веќе од февруари специјалистите ќе добијат зголемени плати за 4,8 проценти. Второто зголемување од 4,8 проценти ќе биде во октомври, а во мај следната година платите ќе се зголемат за уште 9,6 проценти.
Слично

Поврзани вести