Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров: Протоколот за царски рез е светски прифатена практика

Тодоров: Протоколот за царски рез е светски прифатена практика
Новиот протокол според кој родилките нема да имаат можност да подлежат на царски рез по нивна желба без медицинска потреба, не е Закон и не се предвидуваат казни за непочитување, објасни министерот за здравство Никола Тодоров по бурната реакција која стигна од јавноста. Тодоров истакна дека ваквата практика се спроведува секаде во светот и таа се заснова врз медицина на докази која што треба да ја применуваат лекарите. „Никаде во светот жената не може сама да си побара царски рез и докторот да има обрска тоа да го направи ,туку докторот е тој кој учел за тоа и знае како треба да постапи. Новите протоколи се воведени од пред две недели и веќе се практикуваат“, појасни Тодоров. Причина за воведување на овој протокол, како што објаснува министерот, е тоа што во некои клиники било забележано дека дури 50 отсто од родилките биле породени со оваа метода. Во споредба со околните држави каде само 10 отсто од родилките се подложени на оваа метода, кај на овој процент е за три пати поголем.  
Слично

Поврзани вести