Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров прогледа, имало штрајк, сега ќе применува законски мерки против лекарите

Тодоров прогледа, имало штрајк, сега ќе применува законски мерки против лекарите
По молк од речиси 3 недели, а на само еден ден од најавениот „Бел марш“, Министерот за здравство, Никола Тодоров, се огласи за штрајкот на лекарите, обвини дека бил политички мотивиран од опозицијата и ги повика да се вратат назад на работа и да ја почитуваат заклетвата на Хипократ. Во спотивно, посочи тој, од следната седмица ќе биле принуден да спроведува законски мерки, но  како што вели не од инает, каприц или суета, туку поради тоа што бил убеден во исправноста на  реформите. „Подготвен сум да разговарам за секој конструктивен предлог кој ќе овозможи имплементација на оваа реформа без да се загрози ничие право и интереси. Она на што јас апелирам е да не дојдеме до примена на определени санкции кои се предвидени одамна во законите во Македонија и секаде во Европа“, посочи Тодоров и појасни дека согласно Законот за работни односи, надоместок за време на штрајк исплатува Синдикатот, не смее да исплати работодавачот, а за оние лекари кои штрајкуваат се исплатува само придонес на плата во износ од минималец на 8.050 денари.

Тодоров ги повика лекарите да лекуваат и да не дозволат, како што рече тој, најтешко болните луѓе да бидат инструмент за остварување на нечиј политички, материјален или каков било друг бенефит.

Уште еднаш потенцираше и дека системот за плаќање по успешност е реформа која треба да овозможи поставување целосно десубјективизиран систем на награди и казни, кој силно ќе ги стимулира работниците, но исто така и силно ќе го дестимулира неизвршувањето на работните обврски.

Исто така негираше дека договорил намалување на платите на  медицинските сестри на сметка на платите на докторите со  Гранковиот синдикат, за што вели дека било манипулација на дел од лекарите. Сепак откако неколку седмици лекарите беа невидливи за ресорниот министер барање за средба денеска тие упарија и до Премиерот, Никола Груевски. Му доставија и модели за плаќање по успешност, за објективно вреднување на нивниот труд. Исти вакви барања, вчера беа упатени и до Претседателот Ѓорче Иванов, како и до собранискиот спикер Трајко Велјановски. Во меѓувреме се спремаат за утрешниот „Бел марш“ и најавуваат дека расте поддршката од лекарите од внатрешноста, писма за поддршка добиле од 10-тина невладини организации, како и од дипломатите.
Слично

Поврзани вести