Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров не ги гледа, ќе ги види ли Груевски? Лекарите утре пред Влада!

Тодоров не ги гледа, ќе ги види  ли Груевски? Лекарите утре пред Влада!

Утре напладне ле­ка­ри­те-спе­ци­ја­лис­ти од пред клиника и вратите на Министерот за здравство никола тодоров, се селат на протести  пред Вла­да­та. Велат на ваков потег се решиле би­деј­ќи и по 24 де­на штрајк не­ма нап­ре­док во од­но­си­те со Ми­нис­терс­тво­то за здрав­ство око­лу нив­ни­те ба­ра­ња за корекција на платите и про­ме­на на мо­де­лот за пла­ќа­ње по учи­нок.

„24 ден од штрај­кот и ту­ка сме ре­чи­си еден ме­сец не­вид­ли­ви. Про­тес­тни­от ми­тинг ќе поч­не од фон­та­на­та во Град­ски­от парк, по Илин­ден­ска и пред Вла­да­та ќе би­де­ме во 12 ча­сот и 5 ми­ну­ти“, соопшти денеска Де­јан Став­риќ, прет­се­да­тел на Са­мос­тој­ни­от син­ди­кат на кли­нич­ки­те цен­три. Тој об­јас­ни де­ка и на овој про­тест, пок­рај ле­ка­ри­те од скоп­ски­те кли­ни­ки, ќе при­сус­тву­ва­ат и ле­ка­ри­те од дру­ги­те бол­ни­ци во зем­ја­ва, а ги повика да дој­дат и си­те гра­ѓа­ни кои чувс­тву­ва­ат де­ка тре­ба да да­дат под­дрш­ка на лекарите. Инаку и денеска тие излегоа на вообишаениот протест пред Министерството за здравство, за време на паузата. На нив денеска име се придруши и Хелсиншкиот комитет за човекови права одкаде до повикаа министерот Тодоров, да престане со притисоците за задушување на штрајкот. „Најостро го осудувам она што се случува. Постапувањето на министерот го сметам за тотално нелегитимно, иако сите мерки кои се преземаат се затскриени зад таканаречени законски решенија. Од тие причини, сметам дека сето ова што се случува претставува уште еден напор на државата да ја спречи слободата на изразување, што претставува феномен во последните месеци во Македонија. Најостро реагирам и го повикувам министерот итно да преземе мерки законски да ги реши состојбите во здравствената заштита“, истакна денеска извршниот директор на Хелсиншки, Уранија Пировска.
Слично

Поврзани вести