Тодоров: Не е точно дека нема инсулин
Министерот за здравство, Никола Тодоров ги отфрла обвинувањата дека нема инсулин во аптеките.
Тврди дека намерно не се известува министерството и добавувачот дека нема, а се известуваат дијабетичарите дека го нема инсулинот. Тој вели дека инсулинската криза намерно се создава за политички и лични цели.
„Ова политичка групација, претпоставувате СДСМ, се користат со лаги и маниулации за сè да девалвираат. Најдобро е да ве упатам во Националната комисија за дијабетес, која е со многу поголемо искуство и е постручна од оние што излегуваат со неточни, полуточни и лажни информации намерно. Не е точно дека ги нема, а ако битолската болница не ги побара, тогаш ќе ги нема. Има индиции дека тоа можеби се прави намерно, особено во струшката болница, не се известува министерството или добавувачот дека нема инсулин туку се известуваат дијабетичарите дека нема инсулин и се креира вештачка инсулинска криза“ – кажа Тодоров.
Надлежните ако им се потрошат залихите или се при крај, треба да се јават и да побараат, додаде министерот.
Слично
