Тодоров најави вакцинација на мигрантите
Денес измените на Законот за азил доби зелено светло од Собранието, со што им се олесни движењето и престојот на мигрантите во земјава.
Страдањата ќе им бидат скратени барем за миг. Според она што беше изгласано мигрантите во рок од 72 часа миграните можат да поднесат барање за азил во најблиската полициска станица, на граничниот премин или во прифатниот центар.
Целта на усвојувањето на овие измени, како што образложи предлагачот – Министерството за внатрешни работи на Македонија, е да се запре бранот на илегални мигранти кои преку Македонија сакаат да стигнат до некои од земјите членки на Европската унија.
Министерот Тодоров пак најави дека сите лица во прифатните центри ќе бидат вакцинирани како мерка за здравствена заштита.
Тој најави дека инфектолози и дерматовенеролози според претходна проценка ќе им извршат здравствен преглд на сите оние кои имаат потреба.
- Битно ни е да бидат вакцинирани сите оние кои подолго се задржуваат во Република Македонија. Оние кои само транзитираат може да се изврши дезинфекција на превозните средства. Планираме дезинфекција на возовите и автобусите. А оние кои подолго од 72 часа ќе останат во Македонија по кој било основ, како што предвидува новиот закон, тие доколку во себе немаат доказ дека се вакцинирани тогаш повторно се прави вакцинација, посочи Тодоров.
Преземени биле мерки за превенцира од ширење на заразни болести, а додека биле прегледани 21 мигрант, а Црвениот крст и мобилни екипи патролираат долж коридорот по кој се движат мигрантите.
