Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров лошо го оценија во новиот извештај на Фридом Хаус

Тодоров лошо го оценија во новиот извештај на Фридом Хаус

Македонија со просечна оценка од 3,93, во најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“ се најде на границата меѓу групата земји со полуконсолидирани демократии и оние со транзициски влади и хибридни режими.

Политичкиот притисокот на министерот за здравство Тодоров врз судот, влошување на состојбите со судскиот систем, како и насилството кое изби по отвoрањето на истрага за убиство, се главните забелешки за Македонија во последниот извештај на Фридом Хаус, „Нации во транизиција“.

Во него е наведено дека таквите случувањата отвараат сериозни сомневања за изгледите на сеопфатни реформи во судството и напорите во борбата против корупцијата.

Во извештајот е наведено дека државите од Западен Балкан со процесот на простапување кон ЕУ се мотивирани да спроведуваат реформи и механизми кои гарантираат демократски институции и функционална пазарна економија но имплементацијата на тие реформи најчесто е закочена од недостаток на политичка волја.

Овогодишната анализа покажува дека најпроблематични за спроведување се реформите кои се однесуваат на независност на судството.

Според рејтингот пред нас  во оваа област од регионот се Србија и Хрватска кои во изминативе 3 години бележат мал напредок додека Македонија која е во група со Албанија, Косово и БиХ бележи тренд на „вознемирувачко опаѓање“ по ова прашање.

Извештајот се базира на податоци од 1 јануари до 31 декември 2012 години и го мери прогресот со помош на следните индикатори: изборниот процес, граѓанското општество, независните медиуми, националното демократско управување, демократско владеење на локално ниво,судски систем и негова независнот како и справување со корупција.

Во ноември, Владата ја декриминализира клеветата според европските стандарди, иако огромни нови парични казни за клевета беа воведени, за кои новинарите изјавија дека ќе имаат застрашувачки ефект. Додека Советот за радиодифузија не е целосно независен, во 2012 година почна да се спроведува закон за забрана политичарите да поседуваат електронски медиуми, се вели меѓу другото во извештајот на Фридом Хаус.

Слично

Поврзани вести