Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров: Јас сум родител и моите деца ги вакцинирам!

Тодоров: Јас сум родител и моите деца ги вакцинирам!
Сите деца треба да се вакцинираат, а небулози и измислици се сите информации за негативни последици од имунизацијата, категорични се лекарите. Тие ги предупредуваат родителите да не ги следат невистините кои можат да се најдат на интернет и на социјалните мрежи, бидејќи само ќе се исплашат и ќе бидат доведени во заблуда. „Откако вакцинираме до денес, нема потешка несакана реакција освен вообичаените, прикажани во упатството како очекувани, висока температура, болка на место на оток, ретки случаи со конвулзии, еден до два годишно“, изјави д-р Јованка Костовска, национален координатор за имунизација на РМ во Светската здравствена организација (СЗО). Аутизмот, дијабетот и малигните заболувања не се никако поврзани со вакцинацијата, нагласуваат експертите, кои денеска по засилените реакции во јавноста и поднесената иницијатива пред Уставен суд организираа советување за безбедноста на вакцините. „Вреди ли да умрат 1.000 луѓе од бронхопнеумонија зашто 0,001 отсто ќе добиеле енцефалит? Воопшто, ова прашање е многу смешно. Најодговорно тврдам, никако бегање од вакцинацијата! Тоа значи заштита на населението од болести кои се искоренети токму благодарение на вакцинацијата. Ако ја укинете, ќе се вратат, ќе создадете опасна маса луѓе која може да биде жртва на увозна епидемија!“, нагласи д-р Кочо Чакаларовски, претседател на Лекарската комора. Министерот за здравство Никола Тодоров се обиде преку личниот пример да ги убеди родителите дека вакцините не се штетни. „Јас сум родител и моите деца ги имам вакцинирано. И јас сум вакциниран. Не гледам зошто и децата на моите деца не треба да бидат вакцинирани“, рече Тодоров. Тој смета дека е погрешен чекорот на родителите кои бараат преиспитување на уставноста на задолжителната вакцинација. Исто така најави дека од годинава ќе се воведат и поливалентни вакцини, со кои вакцинацијата дополнително ќе се олесни. Јас сум родител и моите деца ги имам вакцинирано. И јас сум вакциниран. Не гледам зошто и децата на моите деца не треба да бидат вакцинирани
Слично

Поврзани вести