Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров ги покани лекарите на преговори

Тодоров ги покани лекарите на преговори
Лична покана до претставниците на штрајкувачкиот одбор упатил министерот за здравство, Никола Тодоров, да седнат повторно на преговарачка маса и да разговараат за можните промени на проектот плаќање по успешност, пренесува Плусинфо Лекарите штрајкуваат веќе 34 дена против одлуката за плаќање по учинок. И покрај тоа што министерот за здравство Никола Тодоров се одлучи да се сретне и да ги ислуша лекарите, тие не се оптимисти дека тој ќе ја промени одлуката за плаќање по учинок. Официјалната средба со министерот ќе се одржи  во наредниве денови, а ќе биде побарано стопирање на спорниот модел додека траат преговорите и исплаќање на нормални плати, а не ја исклучуваат ни можноста да го стават во мирување штрајкот како знак на добра волја. - Досегашните анализи покажуваат извесни аномалии во тој бодовен систем и трошоци кои може дополнително да ги произведе во фондот, како и несоодветност на процедурите. Досегашните резултати од анализата не се охрабровуачки, но и ние разгледуваме други модели кои утре треба да бидат предадени во Министерството и во Владата. Се разгледуваат и други аспекти кои мора да бидат сменети за да се заштити квалитетот на здравствената услуга – посочи Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.
Слично

Поврзани вести