Тодоров ги обвини студентите за Сталинизам, тие порачаа: Почнува Нова Македонија!
Предлог законот помина пред собраниска комисија, студентите протестираат, Владини министри сметаат дека Сорос и СДСМ стојат зад протестите.
„Ние не сме насилници. На наша страна се аргументите и Уставот. Ние сакаме реформи но не вакви и не на ваков начин“, порачаa вчера од Студентскиот пленум, на протестот пред Владата на кој се собраа помалку приврзаници отколку на претходниот протест, иако можеше да се забележи силна енергија за истрајност во изразувањето незадовлство.
Додека студентите, подржани од професорите протестираа, со девет гласа „за“, со ниту еден „против“ или „воздржан“, собраниската Комисија за образование го изгласа предлог-законот за високото образование, со кој ќе се воведе државен испит на факултетит кој заедно со останатите предлози од образованието, в понеделник ќе биде ставен на собраниска седница.
Само неколку минути пред да започне протестот на студентите, предлог – законот бил изгласан.
Ова ја покажа непоколебливоста на Владата, тоа што ќе го најави, тоа и да го спроведе.
Министерот Адеми нагласил дека има време за јавна дебата и дека овој закон нема да важи за сегашните студенти тука за идните.
Тој потсети дека оваа Влада овозможила поевтини студии, отворила нови универзитети, современи лаборатории и сметаат дека студентите треба да се поддржат во процесот на студирање.
Министерот Никола Тодоров пак отиде уште подалеку. Смета дека СДСМ и СОРОС сака да освои политички поени од протестите.
Тие сакаат со креирање на лажна слика да креираат незадоволство. Тоа им е политичка агенда. Денес имаше протест. На тој протест имаше бина, озвучување, пејачи и автобуси. Кој ги платил тие? Значи имало буџет за организирање. Јас од тие професори очекувам да објавуваат трудови, не да протестираат, рече Тодоров.
Тодоров рече дека во оваа ситуација од едната страна има голема реформа, а од друга страна пленум како во времето на Сталин.
Но, студентите како да ја антиципираа оваа атака врз нив па уште претхподно одговрија дека сСтудентските протести не се обични протести, тие се нешто ново, почеток на нешто многу поголемо.
„Ова е почеток на надежта и вербата на македонските граѓани, од денес па натаму македонските граѓани не се плашат, почнуваат од една нова Македонија. Ние студентите сме иднината и ние ќе се бориме за таа подобра иднина. Ние не сме слепи, не сме глуви и дефинитивно, не сме неми“ порачаа студентите од пред Владата.

Слично