Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров: Докторите сакаат 100% плата

Тодоров: Докторите сакаат 100% плата
По штрајковите на лекарите поради моделот на “плаќање по учинок“, премерот Никола Груевски го праша министерот за здравство Никола Тодоров до каде е имплементацијата на прокетот. Спред Тодоров, се зголемува бројот на доктори што се обидуваат да си обезбедат 100 % плата. -Генерлано проектот започна со имплементирање на цела теритоторија на земјата, а претходно како пилот - прокет се воведе во 17 здравствени институции.Во тој период ги видовме слабостите и ги променивме. Во меѓувреме беше изготвен Регистерот на услуги и рангирањето за тоа колку бодови носи секоја услуга. Поентата е што докторите се натпреваруваат во иста група, значи гинеколозите со гинеколостите, и овој модел го направивме заедно со јавните здравстени установи и со стручните колегиуми. Во последниот период гледам дека како што поминува времето се повеќе се намалуваат грешките при исплатата на платите. Бројот на доктори што се во групата на 100 отсто исплата на платата расте, значи оние што имале намалена плата еден или два месеци, потоа се корегираат па влегуваат дури и во групата на наградени доктори. Суштината  не беше да казнуваме, туку да се овозможи рамноправност и баланс во работата, изјави Тодоров. “  
Слично

Поврзани вести