Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров да си даде оставка бараат од ЛДП

Тодоров да си даде оставка бараат од ЛДП

Изразувајќи сочуство и жалење за прерано згаснатиот живот до семејствто на малото девојче Тамара кое вчера утрото починало Либерално демократската партија револтирана од односот и несериозноста на институциите побара министерот Никола Тодоров да си даде неотповиклива оставка.

„Македонската јавност знае дека Министерството за здравство преку министерот Тодоров даде јавно ветување дека токму министерството ќе го плати лекувањето на Тамара во странство. Оттогаш наваму, семејството Димовски беше заглавено во бескрајни бирократски процедури кои на крај доведоја до тоа Тамара воопшто да не замине на операција во странство. Министерот Тодоров треба да и одговори на јавноста во кој здравствен систем од “првите 16 во Европа”, згаснува човечки живот поради бирократски процедури ?  Токму поради овие причини го повикуваме министерот Тодоров, ако има минимум достоинство и грижа на совест, да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА“, се наведува во нивното соопштение.

Слично

Поврзани вести