Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров: Да нема масовни партиски чистки во МВР

Тодоров: Да нема масовни партиски чистки во МВР

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, кој учествува во преговорите денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени и чистки во МВР.

Тој очекува да биде постигнат договор на денешната средба што ќе се одржи во резиденцијата на американскиот амбасадор, Џес Бејли.

Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата, рече Тодоров.

„ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш по изборите, а доколку победи, за тоа нема потреба. ВМРО-ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР, односно да нема масовни партиски чистки во МВР„ – изјави  Тодоров.

Според Тодоров, не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ бара ресорниот министер предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции. Вели  дека за време на преговорите за договорот во јуни-јули, кога се разговарало за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакнал дека нивниот план не е да прават масовни смени, туку да направат најмногу 12 смени.

Слично

Поврзани вести