Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодор Петров бара прекин на преговорите за името

Тодор Петров бара прекин на преговорите за името
Власта итно да ги прекине преговорите со Грција за разликите околу името, побара Тодор Петров на 24-тото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес, организацијата со која претседава. Според него, ваков потег ќе помогне за меѓусебно помирување на Македонците од целиот свет. „Лудилото околу Македонија за промена на името на државата и идентитетот ќе заврши кога Владата на РМ ќе достави писмена нота до ОН и смета дека разговорите за името се исцрпени и ќе соопшти дека го продолжува членството во ОН под своето уставно име“, рече Петров. На денешното Генерално собрание, Светскиот македонски конгрес донесе цела листа резолуции за клучни прашања, меѓу кои и за односите со соседите, националното обединување, правата на Македонците во светот. Посебно, СМК бара Скопје и Тирана да потпишат билатерален договор за основните права на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија на реципрочна основа. Ситуацијата за македонското малцинство во Албанија, особено откако власта одлучи да укине најголем дел од македонските општини во оваа земја, не е добра, се пожали Едмонд Темелко, претседател на Македонската алијанса за европска иднина. „Македонците се обесправени, немаат право да учат свој мајчин јазик, не се интегрирани во институциите на системот и во реформите кои се случуваат во земјата“, рече Темелко. Светскиот македонски конгрес на денешното Собрание ја формираше и фондацијата „Свети Никола“, наменета за поддршка на многудетните семејства.  
Слично

Поврзани вести