Тодор Пендаров: Како да излеземе од кризата?
Фактор ви ги пренесува ставовите на македонските новинари и јавни личности во однос на начините на решавање на политичката криза.
Тодор Пендаров колумнистПолу нашега полу вистина, ама ова е прашање за милион долари. Но, што би рекле нашите северни комшии “ Ѓаво однео шалу“ и богами за сегашнава состојба ова држи. Бидејки ние повеќе пати во изминативе 25 години покажавме дека не сме кадарни без помош од “странците“ да ги решаваме работите и сега решението или ако сакате излезот од кризата сите го очекуваме од меѓународната заедница. Поточно сега сите очекуваме што ќе ни донесе германскиот дипломат Јоханес Хајндл кој од страна на Меркел беше именуван како специјален преставник за Македонија.
Мислам дека овој пат меѓународната заедница ќе настапи “тврдо“ до нашите четворица партиски поглавици. Мислам дека од ова нема да биде поштеден и Иванов и неговата планетарна глупост аболицијата. Тоа што ќе треба навистина да се реши како со некакво вин-вин решение да се одложат изборите односно како да се создаде легална и пред се уставна можност Собранието да се свика и да донесе одлука за одлагањето на изборите. Дали во последен момент на пример Уставниот суд да речеме на иницијатива на некој анонимус адвокат односно адвокатски приправник ќе оцени дека одлуката за распуштање на парламентот со одложено дејство е против уставна е една од варијациите на тема како да се стави Собранието во функција. Што понатаму. Ако Собранието повторно почне редовно да работи тогаш во игра се сите опции. Од нова експертска или незнам какова Влада па се до прашањето за името. Хајндел пред да дојде во Скопје барем според највите ќе “тркене“ и до Атина. Едно е сигурно. Груевски ја завршува својата политичка кариера, но и поголем дел од неговата “фамилија“. Мислам дека нешто слично го очекува и Заев. Односно ништо веќе нема да биде исто во спротивно ќе ја нема Македонија како држава. Бирајте според вашите лични интереси.
