Економија, финансии, бизнис

Контакт

Точно напладне средношколски марш во Битола

Точно напладне средношколски марш во Битола

После скопскиот марш, во деновиве зад нас и средношколци ширум источниот и западниот дел на Македонија излегоа на средношколски протести, а денеска низ битолските улици ќе маршираат ученици од Медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи" .

Тие имаат две барања: - укинување на екстерното тестирање; - враќање на стариот модел на државна матура

„Излегуваме на марш затоа што сме  игнорирани од Министерството за Образование и Наука! Затоа што откако со години го малтретираа, го убија средното образование! Образованието е јавно добро и е коренот на општеството. Од него произлегува сè останато. Наша обврска и општествена одговорност е да се бориме за квалитетно образование. За нас, за нашето општество! Со квалитетот нема компромис, за квалитет не се преговара. Затоа, да маршираме во борбата за подобро образование и во борбата за подобро општество!“

Вчера марш имаше во Делчево.

Слично

Поврзани вести