Тоа е едноставно - еврото е мртво
Како што оценуваат аналитичарите, кандидатката на Националниот фронт за претседател на Франција, Марин Ле Пен еволуирала во однос на еврото.
Таа најави дека ако победи, Франција ќе има и своја валута, но и заедничка валута.
„Ќе имаме своја национална валута како секоја држава, но и заедничка валута. Па тоа е така едноставно. Еврото е мртво“ - вели таа.
Ле Пен додава дека еврото негативно влијаело на Франција и довело до невроботеност.
Таа тврди дека мора да се има своја валута и да се контролира економијата.
Ле Пен вети дека ќе се заложи во ЕУ, еврото да се замени со меѓународна валута која ќе се користи само од големите компании.
Слично
