То Вима: Музика во грчките ресторани на почетокот на јуни
Деновите што ќе потсетуваат на реалноста пред пандемијата започнуваат од петок во Грција, од кога ќе започне и официјално туристичката сезона бидејќи се очекува големо укинување на ограничувањата.
„То Вима“ најавува продолжување на часовите во рестораните, додека музиката во истите се очекува да се врати на почетокот на јуни. Весникот најавува и други конретни мерки кои денес ќе ги објави премиерот Киријакос Мицотакис.
Се очекува да се укине и задолжителното растојание од два метри. Најавите за отворање на туризмот најверојатно ќе ги објави во четврток надлежниот министер Харис Теохарис.
Врз основа на планот на владата, ќе се либерализира движењето од регион во регио а ќе се објави крај на најавувањето за движење преку испраќање СМС-пораки за категориите на активности, а ќе следува и отворање на спортски сали за сите граѓани.
Од петок, 14 мај, граѓаните ќе можат да патуваат на островите, но ќе мора да носат со себе или сертификат за вакцинација или негативен резултат од тест за коронавирус Во текот на првите денови, негативните тестови ќе бидат заверени со писмена изјава, додека потоа, во соработка со Министерството за дигитална политика, ќе работи специјална дигитална платформа.
Што се однесува до пристигнувањето на странските туристи, како што е познато, тие ќе влезат во Грција или со 72-часовен молекуларен тест или со потврда за вакцинација. Туристите треба да ги земат двете дози на вакцината со изминати 14 дена од давањето на втората доза. Негативниот тест или сертификатот за вакцинација можат да бидат објавени на дигитална платформа.
Најавите за отворање на туризмот најверојатно ќе бидат објавени во четврток од надлежниот министер, Харис Теохарис.
