Економија, финансии, бизнис

Контакт

„То Вима“: „Еуробанк“ ќе отиде во рацете на зетот на Клинтон?!

„То Вима“: „Еуробанк“ ќе отиде во рацете на зетот на Клинтон?!
Познатиот инвестициски банкар Марк Мезвински, кој е зет на Бил и Хилари Клинтон, како коосновач на фондот „Иглвеј Партнер“ пројавил интерес да ја купи „Еуробанк“, една од четирите најголеми банки во Грција, тврди весникот „То Вима“. Банката е во фокусот на интерес и на фондот „Трд Поинт“, кој стана познат со инвестициите во грчките хартии од вредност, што му донесоа заработка од над 500 милиони евра за само неколку месеци. Управата на „Еуробанк“ e во преговори со странски фондови во пресрет на нејзината делумна приватизација планирана за оваа есен, кога се предвидува да бидат продадени 25 отсто од акциите на банката. За купување на овие акции интерес пројавила и канадска компанија, која веќе има инвестирано во банкарскиот сектор во Грција.  
Слично

Поврзани вести