Транспарентност Македонија: Непотизмот уште e во тренд!
Во својот мајски извештај Невладината организација Транспарентност Македонија констатира дека продолжува трендот на непотизам, како главна карактеристика на владејачката гарнитура.
„Списокот на блиски роднини на високи функционери, кои се избрани или именувани на раководни позиции за последните неколку години, е импозантен. Еден од најновите случаи на непотизам претставува изборот на Влатко Илиевски за член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје, кој всушност е сопругот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,.
Како и стотици претходни така и ова роднинско именување од највисоките ешалони на власта, поминаа со молк од ДКСК, како надлежен орган за испитување на судири на интереси и евентуални коруптивни влијанија“, пишува во извештајот.
ТМ бара од Антикорупциксата комисија да утврди и да ја извести јавноста по која постапка и врз основа на кои критериуми е именуван сопругот на министерката за внатрешни работи, Влатко Илиевски, на оваа позиција.
Исто така и да одговори дали имало и други кандидати за таа позиција, како и како била водена постапката за неговото именување, пренесува плусинфо.
