ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ ВО АЛБАНИЈА: Земјотресот почувствуван и во земјава
Уште еден земјотрес со јачина од
4,7 степени по Рихтер ја погоди Корча
денес..
Земјотресот има многу ниска
длабочина од само 2 километри, што предизвика шокот да се чувствува силен во
областа.
Од првичните податоци се дознава
дека епицентарот бил во планинската област Корча-Ерсека во близина на границата
со Грција.
Надлежните и медиумите во Албанија
велат дека нема докази за физичка или човечка штета.
Потресот е почувствуван во Охрид, Битола и Ресен.
Инаку, вчера исто така се почувствува земјотрес во овие три града. Информациите можете да ги прочитате тука.
Слично
