Титовото богатство се крие од неговите наследници
Само три члена комисија ќе присуствува на отворањето на депоата на Националната банка на Србија во кои се наоѓаат 11 пломбирани вреќи со работи кои му припаѓале на Јосип Броз Тито.
Сепак адвокатите на наследниците на Тито оценуваат дека би било логично и тие и наследниците, како и претставници на судот, да присуствуваат на отворањето на депоата.
Во комисијата се советници на Томислав Николиќ, Оливер Антиќ и Мирослав Симиќ, како и заменик генералниот секретар на претседателот, Ненад Јеремовиќ.
Адвокатот Горан Петронијевиќ, застапник на внукот на Тито, Јошка, вели дека што се однесува до него и неговите клиенти, депото може да биде отворено и без нив, но дека вештаците кои би утврдувале што е приватна сопственост на Тито, а што е државно, може да се ангажираат само на суд.
И адвокатката Виолета Кочиќ Митачек, застапничка на синот и внукот на Тито, Мишо и Златица, смета дека е логично на отворањето да присуствуваат и наследниците и нивните полномошници, бидејќи “наследниците дознале каде се тие вреќи и побарале нивно отворање“.
Од НБС за српски “Блиц“ потврдиле дека ниту нивни претставници нема да учествуваат на отворањето на пломбираните вреќи.
Слично
