ТИТО НАРЕДИЛ ДА СЕ ОТСТРАНАТ СИТЕ ЖАБИ ОКОЛУ КРАЛИЦАТА, ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИЛ? - причина: Неа и недостигал нивниот звук
Овој настан се случил пред 50 години, во октомври 1972 година. Во придружба на нејзиниот сопруг принцот Филип и ќерката принцезата Ана, кралицата ги посети Загреб, Дубровник, Ѓаково, Пула и Бриони. Таа ја посети Хрватска како дел од поголемата, петдневна посета на Југославија.
Во Белград го запознала Јосип Броз Тито. Години потоа се прераскажуваше приказната дека Тито побарал да бидат фатени сите жаби околу Белата палата во Белград за да може кралицата мирно да спие, но дека неговата одлука не и се допаднала на кралицата.
Утрото кога станала, според таа приказна, кралицата се пожалила дека ѝ недостига звукот на жабите затоа што ја смирува, па Тито го сменил редот за ловење жаби.
Извор и фото: Индекс.хр
Слично
