Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито го купил за 100.000 долари, сега се продава за 20 милиони долари

Тито го купил за 100.000 долари, сега се продава за 20 милиони долари

Најавената продажба на два вредни имоти од поранешна СФРЈ најде место и во американските медиуми,а долга студија за тоа објави и Њујорк пост.

Во текстот под наслов „Милионски вредни недвижнини на поранешна Југославија на пазарот“, весникот пишува за палатата на Петтата Авенија во Паркот Авенција како за недвижнини вредни стотици милиони долари.

Потсетува дека минатата недела лидерите на пет држави, некогашни републики на СФРЈ, постигнале конечен договор за продажбата на 51 недвижнини стекнати во државата чиј претседател од 1980 година бил, како што наведуваат, поствоениот диктатор Јосип Броз Тито.

Како една од највредните недвижнини се истакнува шестсобниот дуплекс апартман, со четири купатила на адресата 730 Парк Авенија. Исто така, тука е вредниот имот кој се наоѓа на адреса на Петтата авенија 854.

За тие две недвижнини, кои се во многу лоша состојба, проценките веќе се завршени, наведува изворот на весникот. Имотот во Парк Авенија е вреден повеќе од 20 милиони долари а не се користи од 1992 година и претставува симбол на колатерална штета на жестоки борби помеѓу државите наследнички.

Југословенската влада ја купила резиденцијата во 1975 година за 100 000 долари.

Во текстот се потсетува дека Њујорк пост во 2011 година имал ексклузивно право на обиколка на тој стан, кој своевремено го користеле јогословенски амбасадори во ОН, како и сам Тито на своите патувања во Њујорк.

Во текот на 24 години Србија плаќала трошкови за одржување на 2325 квадратни метри за резиденција исполнета со прашина , месечно 14 000 долари, пишува весникот повикувајки се на известувањата на српски медиуми.

Кој и да биде купувачот на недвижнините во таа зграда во Парк Авенија мора да биде подготвен на четиригодишно реновирање, со оглед на тоа дека изведување на работа се дозволува само за лето.

Што се однесува до другите недвижнини на Петтата Авенија, во неа моментално е сместена постојаната мисија на Србија во ОН, се простира на 3650 квадратни метри. има два лифта, осум купатила и 32 соби. Претрпела тешко оштетување на првиот кат кога во 1975 година е фрлена бомба на скалите во подрум.

Последните години, цените на слични недвижнини на таа лоација се движеле помеѓу 28 и 36 милиони долари.

Србија од продажбата ќе добие 40 отсто од цените на продадени недвижнини во Њујорк, додека за останатите земји не се знае колкав дел од колачот ќе добијат.

Слично

Поврзани вести