Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИТО: Диктатор или помагател во создавањето на македонската држава?

ТИТО: Диктатор или помагател во создавањето на македонската држава?
Советниците во Охрид се скараа околу улогата на Тито, бил диктатор или добротвор за Македонија. Опозиционерите велат дека промената на името на кејот во Охрид воопшто не е патриотски чин. Тоа е обид за негирање на историските заслуги на Тито во создавањето на современата македонска држава.
Ќе му го одземеме името на една историска личност и тоа под влијание на берлинската историска школа кои се губитници во Втората светска војна, а денеска земаат за право да ја прекројуваат историјата и ќе го промениме името на кејот во Македонија. Утре ќе кажете дека СДСМ е против името Македонија, што не е точно-рече Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.
Градоначалникот Бакрачески со поинакво видување на историската улога на Тито, кој според светски извори кои тој ги наведе како релевантни, бил диктатор.
Jас не знам како не се срамите грчевито и жестоко да го браните името на Тито, изјави меѓу другото во својот говор градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој своето вчерашно обраќање пред охридските советници го заврши со реченицата „Кејот од денеска ќе се вика Македонија“.
Преименувањето уследи на предлог одлуката за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Охрид, која вчера по жолчна и жестока расправа ја усвои Советот на градот со 15 гласови „за“. Името на Тито останува да ги дели Македонците, со оглед на неговата контроверзна улога во Југославија, но и со неспорните заслуги во создавањето на македонската држава, која за прв пат  во историјата по втората светска војна, во рамки на СФРЈ доби статус на република.
Слично

Поврзани вести