ТИТАН УСЈЕ ДОГОВОРИ ГОЛЕМИ ЗДЕЛКИ СО ДВЕ КОМПАНИИ – вредноста на договорите надминува 10 отсто од активата на компанијата
Големо задолжување одобрија акционерите на Титан Усје по гласањето со кое се овозможи да се реализираат две зделки чија вкупна вредност надминува 18 милиони евра.
Компанијата Титан Усје веќе најави дека се планираат две зделки чија вредност изенсува по 9,2 милиони евра со Шаррцем Ш.П.К. од Косово и со Титан Глобал Финансе ПЛЦ.
Предлогот даден од Одборот на директорите беше усвоен од акциониерите на вонредно Собрание. Со изгласувањето на овој предлог се одобри набавка на голема количина на цемент, петрол кокс и клинкер.
Согласно објавата на Македонска берза, компанијата Титан Усје планира една зделка со Шаррцем Ш.П.К. Косово.
- Заради постоење на взаемен интерес за деловна соработка во рамките на редовното работење, се одобрува Титан Усје АД Скопје да склучува зделки со заинтересирани страни по тековни пазарни услови за слични типови на трансакции и тоа:
Зделка со Шаррцем Ш.П.К. Косово за продажба/купување на: цемент, петрол кокс и клинкер. Чија поединечна или кумулативна вредност за секој производ посебно за период о денот на донесувањето на оваа одлука до одржување на следното годишно собрание ќе надмине износ од 9.200.000 евра, што претставува надминување на 10 отсто од вредноста на активата на друштвото определена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи – се појаснува во објавата на Македонска берза.
Притоа е посочено дека, заради постоење на взаемен интерес за деловна соработка во рамките на редовното работење, давање и земање на земи, кредити и гаранции, се одобрува компанијата да склучува зделки со заинтересирани страни по тековни пазарни услови за слични типови на трансакции.
- Зделка со која Титан Усје дава заем на Титан Глобал Финансе ПЛЦЕ, чија поединечна или кумулативна вредноста посебно за период од денот на доставување на оваа одлука до одржување на следното годишно собрание ќе надмине износ од 9.200.000 евра, но не повеќе од 16.000.000 евра, што претставува надминување на 10 отсто од вредноста на активата на друштвото определена врз основа на последните ревидирани финансики извештаи – се нагласува во документот објавен на берза.
Притоа е истакнато дека се овластуваат членовите на Одборот на Директори да ги преземат сите потребни дејствија за потпишување на договори со заинтересираните страни. Потписник на документот е претседателот на Собранието на акционери, Ангеле Мицевски.
П.О.
