ТИРЗ во целост го реализираше планираниот буџет за компаниите, вели Деспотовски
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во целост го реализираше планираниот буџет за поддршка на компаниите што функционираат во рамки на технолошко-индустриските развојни зони, информираше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешниот брифинг со новинарите
„Бројките покажуваат дека заклучно со месец ноември, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра, а конечните податоци ќе бидат објавени на почетокот на 2022 година“, вели тој.
Вели дека повторно имаат ист случај со две компании како лани, што пред време ги исполнија предвидените обврски во однос на постигнување на број на вработени, да државата излезе во пресрет.
„Дополнително излеговме во пресрет на неколку компании што имаа тешкотии поради глобалната криза во делот на набавката на чипови и застој во делот на производство“, вели Деспотовски.
Деспотовски додаде дека ТИРЗ бележи доста стабилен раст на приходи и на добивки во компаниите, значително е зголемен бројот на вработени, а зголемена е и просечната плата.
„Јас сум оптимист дека ќе имаме рекордна година од аспект на извоз, стабилно ниво на работни мета и првпат ќе имаме ситуација во која просечната плата во компаниите во зоните ќе биде повисока од просечната плата на националната економија“, изјави тој.
Наведе дека внимателно се следат трендовите во глобални рамки, а во нивен интерес е компаниите не само да го одржат постојното ниво на раст, туку и дополнително да го интензивираат во наредниот период. Деспотовски објасни дека компаниите што се соочиле со тешкотии поради глобалната криза, ја балансираат загубата со новите капацитети. интензитет на развојот.
