Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИРЗ: „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во нов капацитет во Скопје

ТИРЗ: „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во нов капацитет во Скопје

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Јован Деспотовски објави дека е постигнат договор со турската компанија „Шахтерм“ за инвестиција од 70 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во Скопје. 

Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во седиштето на инвеститорот во  Бурса со генералниот менаџер на компанијата Фарук Шахин.

-Со денешната одлука, „Шахтерм“ станува нов член на семејството на ТИРЗ. Разговорите, посебно оваа последна рунда не беа воопшто лесни. Но, она што е важно на крајот е одлуката на компанијата да инвестира во Македонија и да имаме нови 1.000 работни места за нашите сограѓани, изјави Деспотовски.

Компанијата ќе почне со реализација на инвестицијата во 2024 година, а станува збор за инвеститор во областа на дизајнот и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. 

Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како “Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.  



Слично

Поврзани вести