Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИРЗ очекува влез на нови автомобилски компании во Македонија

ТИРЗ очекува влез на нови автомобилски компании во Македонија

Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони преку штандот на саемот за Аутомеханика во Франкфурт остварила контакт со повеќе автомобилски брендови кои покажале интерес да ја посетат Македонија и да ги разгледаат можностите за инвестирање.

„Дел од компаниите овде знаат за Македонија, а на дел треба да им се дадат дополнителни параметри за тоа кои фирми се веќе присутни во земјава. Реномираните германски и американски гиганти кои веќе инвестираа во Македонија најмногу помагаат за да се отвори вратата за другите и тие да видат дека земјава може да биде дестинација во која тие би го прошириле производствто на европскиот пазар“, посочи Виктор Мизо директор на ТИРЗ.

Присуството на веќе постоечките брендови кои имаат производство во Македонија се најдобра можност за привлекување на нови автомобилски компании.


Слично

Поврзани вести