ТИРЗ ќе соработува со Светската организација на слободни зони
ТИРЗ потпиша договор за соработка со Светската организација на слободни зони за споделување на искуствата и добивање на насоки за развој во наредните години. – Сега работиме на зголемувањето на мрежата на членки. Во моментов имаме 252 членки од 47 земји, а во светот има 2.500 слободни зони.
Ника Манукова, регионалниот менаџер за Европа, ЗНД, Иран и Турција на Светската организација на слободни зони по потпишувањето на апликацијата за членство на Дирекцијата на ТИРЗ во Светската организација на слободни зони по потпишувањето на договорот изјави:
– Сега работиме на зголемувањето на мрежата на членки. Во моментов имаме 252 членки од 47 земји, а во светот има 2.500 слободни зони. Планираме со Македонија да ги споделиме нашите искуства какви ќе бидат слободните зони во следните 25 години, изјави Манукова по потпишувањето на апликацијата.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо нагласи дека влегувањето на Македонија во Светската организација на слободни зони ќе значи идна соработка на компаниите во зоните во земјава со други компании лоцирани во слободни економски зони низ светот и на кој начин може да ја прошират својата мрежа на добавувачи.
– Нашето членство директно ќе влијае врз трансфер на знаење и информации како слободните зони функционираат низ светот, како да го подобриме процесот на привлекување на инвеститори, но истовремено и на сервисирање на постоечките инвеститори. Преку членството Македонија дополнително ќе се промовира како потенцијална дестинација за инвестирање, рече Мизо.
